Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и вети на Украина дека американската поддршка ќе продолжи и зимава. Блинкен имаше средба со Андриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Во сите наши разговори со украинската влада нагласивме дека ќе продолжиме да стоиме на нивна страна“, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
Блинкен разговараше со Јермак за мерките што може да се преземат заедно со Украина за зајакнување на нејзината инфраструктура во пресрет на зимата.
„Се разбира, минатата зима дознавме дека Русија се обидува да уништи енергетски локации во Украина. Тие би можеле да се обидат да го сторат тоа повторно“, додаде Милер.
Видете и ова: Демократите во американскиот Сенат ја блокираа помошта за Израел, не за УкраинаНа социјалната мрежа X, Јермак напиша дека му се заблагодарува на Блинкен за американската поддршка.
Американскиот претседател Џо Бајден побара 61,4 милијарди долари за Украина, од кои речиси половина би биле потрошени во САД за пополнување на резервите со оружје исцрпени со претходната поддршка за Киев.
Конгресот веќе одобри 113 милијарди долари за Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.