Украина тврди дека убила тројца руски офицери во експлозија во окупираниот Мелитопол

Воени дејствија во Мелитопол (Архивска фотографија)

Украина во неделата соопшти дека во експлозијата предизвикана од „локалните движења на отпорот“ во украинскиот град Мелитопол, контролиран од Москва, претходниот ден загинале тројца руски воени офицери во седиштето на окупаторските власти, пренесува АФП.

Мелитопол, со предвоено население од околу 150.000 луѓе, беше заземен рано по инвазијата на Русија во Украина во февруари минатата година и сега се наоѓа десетици милји зад линијата на фронтот посеверно.

„Најмалку тројца офицери на руската гарда се елиминирани како резултат на одмаздничката акција, спроведена од претставници на локалниот движење на отпорот“, соопшти на социјалната мрежа Телеграм разузнавачката служба на Министерството за одбрана на Украина.

Видете и ова:

Маката на Украинците да го обноват јужниот регион пред претстојната зима

АФП не беше во можност самостојно да ги потврди тврдењата.

„Нападот врз штабот е извршен за време на состанокот на (руската безбедносна служба) ФСБ и (Руската национална гарда) Росгвардија“, додава истиот извор.

Мелитопол е во Запорожје, еден од четирите региони заедно со Доњецк, Луганск и Херсон, за кои Русија тврди дека ги анектираше без целосно да ги контролира.

Видете и ова:

Украинските сили соопштија дека уништиле руски хеликоптери и складиште за муниција

Протераниот градоначалник на Мелитопол, Иван Федоров, во саботата вечерта рече дека жителите пријавиле „експлозија, која се слушнала во секој дел од градот“, како и тоа дека забележале полициски автомобили кои брзо се движат низ градот.

Неколку функционери поврзани со Русија се убиени во напади на територии контролирани од силите на Москва од почетокот на инвазијата.