Граничната управа на Газа објави дека копнениот премин Рафа во Египет денеска повторно ќе биде отворен за странски државјани.
Евакуациите од Појасот Газа во Египет за странски државјани преку преминот Рафа, како и за Палестинци на кои им е потребна итна медицинска помош пак, беа прекинати во петокот, соопштија три египетски безбедносни извори и висок палестински претставник.
Палестински функционер и египетски медицински извор изјавија дека суспензијата која сега е укината, се должела на проблеми со носењето медицински евакуирани лица во Рафа од внатрешноста на Газа.
Видете и ова: Петмина македонски државјани чекаат евакуација од ГазаЗапрената евакуација од Појасот Египет во Газа преку овој премин се однесуваше за граѓаните кои имаат странски пасоши, како и за повредените Палестинци, на кои им е потребна итна медицинска помош.
За потсетување, пред затворањето на преминот Рафа, речиси 700 лица со странски пасоши имаа прилика да ја напуштат Газа токму преку овој премин, а уште 12 лица и десетмина нивни придружници од медицински причини исто така беа евакуирани од Газа.