Независниот синдикат на здравствени работници и административно-технички персонал(НСЗР) денеска на прес- конференција повторно побараа подобрување на условите за работа, повисоки плати, а најавија и протести.
Како што соопшти претседателот на синдикатот Боби Бојчевски, здравствените работници ќе излезат на протести на 17 и 24 ноември и на 2 декември.
Тие бараат зголемување на платите за 30 отсто, покачување на додатокот за инфекција од еден на четири отсто, нов колективен договор, бенефициран работен стаж, како и трансформација на договорите на определено работно време со неопределено.
Видете и ова: Бојчевски - Заборавете на партии, здравствени работници не можат да издржат со овие платиНа денешниот прес за новинарите Бојчевски претстави три предлози како да се надополнат буџетите во Министерството за здравство и Фондот за здравство.
„Оданочување од 40 отсто на високата плата на функционерите, бидејќи во овие услови тие се енормни високи. Потоа, здравствените установи затоа што не се профитабилни организации, да се ослободат од индустриска вода и струја, да плаќаме како обичниот граѓанин. Го поддржуваме министерот за здравство Фатмир Меџити во тоа да се укинат двојните директори на Клинички центар и управните одбори“, рече Бојчевски.
Здравствените работнци и претходно најавуваа протести за есенва, откако се пожалија на аномалии во колективните договори и на протести во август побараа покачување на платите.