Временска прогноза - облачно со повремени врнежи од дожд

MACEDONIA - Rain in Skopje

Времето денеска се очекува да биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, како и локални поројни дождови проследени со грмежи.

На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.

Видете и ова: Временска прогноза – сончево со умерена облачност, навечер дожд

Во главниот град времето истотака ќе биде променливо облачно, со умерен до засилен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 13°C, а максималната од 13 до 19 степени Целзиусови.