Украински воени претставници изјавија дека руските сили продолжуваат со обидите да го опколат градот Авдијивка.
Портпаролот на украинската 110-та оклопна бригада Антон Коцукон изјави дека на трите страни од градот се концентрирани околу 40 000 руски војници.
„Нема индикации дека Русите ќе се откажат од своите планови да ја опколат Авдијивка“, посочи Коцукон.
Видете и ова: Украинската контраофанзива не оди според планот, какви се прогнозите?Според него, руската армија си игра „мачка и глушец“ со нив, со тоа што користи голем број беспилотни летала додека истовремено распоредува артилериски сили за зајакнување на одбраната на градот.
Генералот Олександр Тарнавскиј, командант на јужните сили на Украина, истакна дека нивните војници околу Авдијивка „цврсто држат одбранбени позиции“.