Демократите во американскиот Сенат на 7 ноември ги блокираа напорите на Републиканците да добијат брзо одобрување за нацрт-законот за итна помош за Израел, кој го усвои Претставничкиот дом минатата недела, но со кој не се дава помош за војната на Украина против Русија.
Демократите ја истакнаа важноста да се обезбеди помош и за Украина, како за Израел, покрај хуманитарната помош, финансирањето за безбедноста на границите и парите за враќање на Кина во Индо-Пацификот, што беше во барањето за финансирање од 106 милијарди долари што претседателот Џо Бајден го испрати до Конгресот минатиот месец.
Бајден побара 61,4 милијарди долари за Украина, од кои речиси половина би биле потрошени во САД за пополнување на резервите со оружје исцрпени со претходната поддршка за Киев.
Видете и ова: Антивоени демонстранти го прекинаа сослушувањето на Блинкен во американскиот СенатБајден, исто така побара и 14, 3 милијарди долари за Израел, девет милијарди долари за хуманитарна помош, вклучувајќи ги Израел и Газа, 13,6 милијарди долари за безбедност на границите на САД, четири милијарди долари за воена помош и финансирање на владата за спротивставување на регионалните напори на Кина во Азија.
Конгресот веќе одобри 113 милијарди долари за Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.
Предлог-законот во Домот не предвидува хуманитарна помош за Газа. Израел веќе добива 3,8 милијарди долари годишна воена помош од САД.