Се предаде мажот со што заврши заложничката ситуација на аеродромот во Хамбург, соопшти полицијата на Хамбург попладнето на 5 ноември. Од вчера аеродромот беше блокиран бидејќи вооружениот маж на пистата седеше во автомобилот со своето дете.
„Осомничениот излегол од автомобилот со ќерката. Мажот бил приведен од итните служби без отпор. Детето изгледа не е повредено", извести полицијата на социјалната мрежа Х.
Авиосообраќајот на аеродромот во Хамбург беше затворен за време на инцидентот.
Властите претходно соопштија дека се верува оти причина за инцидентот е „спор за старателството“, а сопругата на возачот повикала 911 и ја известила полицијата за киднапирањето на нејзиното дете.
Полицијата во Хамбург преговараше со напаѓачот со часови, откако тој вечерта на 4 новмеври со својот автомобил поминал низ безбедносната зона и се стационирал на платформата каде што се паркирани авиони. Тој притоа испукал два истрели во воздух и фрлил две запалени шишиња од возилото.
Видете и ова: Заложничка криза на аеродромот во Хамбург, веројатно поради спор за старателствоВозачот се забарикадирал во својот автомобил покрај авионот на Туркиш ерлајнс.
Во саботата вечерта беа пренасочени 17 летови кои требаше да слетаат во Хамбург. За недела беа закажани уште 286 летови, на кои требаше да бидат превезени околу 34.500 патници.