Украина отвори истрага откако беше објавено дека голем број нејзини војници биле убиени од руски ракетен напад за време на „церемонија за доделување награди“ оваа недела, соопштија официјални лица.
Медиумот „Украинска правда“ објавија дека над 20 украински војници загинале во нападот, што се случи во јужниот регион Запорожје на 3 ноември.
Агенцијата Франс прес (АФП) не беше во можност веднаш да ги потврди околностите на нападот.
Министерот за одбрана на Украина, Рустем Умеров, го нарече инцидентот „трагедија“ и нареди целосна истрага.
„Мораме да вложиме максимални напори да го заштитиме нашиот народ и да им дадеме искрени одговори на семејствата и пријателите на загинатите војници“, рече тој во саботата навечер.
Видете и ова: Зеленски негира дека војната е во ќор-сокак
Украинската армија потврди дека голем број војници се убиени, но не соопшти колку.
„На 3 ноември, непријателот изврши подмолни напади во правец на Запорожје“, се вели нивното соопштение.
Биле нападнати војниците од 128-та планинска ударна бригада.
Еден украински војник на социјалните мрежи напиша дека 22 лица од бригадата биле убиени додека биле собрани на церемонија за доделување награди.