Украинската служба за безбедност (СБУ) на 4 ноември објави дека поднела кривична пријава против поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил за „оправдување“ на руската инвазија. Пријавата му е поднесена во отсуство.
Во пријавата се вели дека Кирил е „член на потесниот круг на највисокото воено и политичко раководство на Русија и ... еден од првите што јавно ја поддржа војната против Украина“.
Во октомври, украинските пратеници гласаа за забрана на Украинската православна црква (УОЦ) поврзана со Москва, обвинувајќи ги нејзините свештеници за соработка со Русија, јавува украинскиот сервис на Радио Слободна Европа.
Кирил, кој е поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин, ја нарече војната историска битка против „силите на злото“.
Видете и ова:
Украинскиот парламент ја забрани Православната црква поради наводни врски со РусијаУкраинските власти го обвинуваат Кирил за „нарушување“ на територијалниот интегритет на Украина, оправдување на вооружена агресија и планирање и подготвување „агресивна војна“.
„Се преземаат сеопфатни мерки за изведба на сторителот пред лицето на правдата за злосторства против нашата држава“, се вели во соопштението.
Според Службата за безбедност, од почетокот на целосната инвазија на Русија, според материјалите на специјалната служба, се покренати 70 кривични постапки против претставници на Украинската православна црква – Московска патријаршија, од кои 16 се митрополити на црквата.