Судот во Москва го осуди на осум години затвор Александар Струков, кој беше фотограф во тимот на затворениот опозициски политичар во Русија Алексеј Навални.
Струков на 3 ноември беше осуден за јавно поттикнување тероризам, поттикнување омраза и кршење на правото на граѓаните да ја практикуваат својата вера.
Обвиненијата произлегуваат од објавите на фотографот на мрежата Телеграм, во кои тој го критикува рускиот претседател Владимир Путин и неговата влада.
Исто така, судот му забрани на Струков да управува со веб-страници две години откако ќе излезе од затвор.
Видете и ова: „Меморијал“ ги призна адвокатите на Навални како политички затворенициСтруков беше уапсен на крајот на јануари минатата година. Тој како фотограф за тимот на Навални во 2018 година.
Инаку, групите и организациите на Навални се означени како екстремистички и во 2021 година беа забранети во Русија.
Навални беше осуден на 19 години затвор за екстремизам во август годинава додека е на отслужување на друга деветгодишна затворска казна поради обвиненија за проневера за кои и тој и неговите сојузници тврдат дека се политички мотивирани.