Претседателот Стево Пендаровски за денеска закажа седница на Советот за безбедност, соопшти кабинетот на шефот на државата.
На дневен ред на седницата што ќе биде одржана во вила „Водно“, ќе биде безбедносната состојба во државата и евроатлантскиот регион.
Видете и ова: Афера прислушување – обвинетите на слобода, државата ќе обесштетува?На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски и директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.