Синџири, фудбал и ракети

ИЗРАЕЛ - Израелската војска изврши воздушен напад врз бегалскиот камп Џебалија во северниот дел на Газа, изјави вечерва портпаролот на израелската армија, Ричард Хехт.
„Во таа област беше присутен и висок воен командант на Хамас“, изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на израелската војска.

РУСИЈА - Врховниот суд во Русија ја одби жалбата на новинарката на Радио Слободна Европа, Алса Курмашева, поднесена во врска со нејзиниот притвор, со објаснување дека таа не се регистрирала како странски агент при влез во земјава, нешто што Курмашева го негира. Сослушувањето на 31 октомври било одржано зад затворени врати, а Курмашева учествуваше преку видео-линк врска од притворскиот центар.

СРБИЈА / ЕУ - Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен, за време на својата посета во Белград, изјави дека Србија мора да започне со имплементација на актуелните договори од дијалогот со Косово и да „не губи време со тоа“. На прашањето што значи де факто признавање на Косово од страна на Србија, за што еден ден порано таа зборуваше во Приштина, Лајен речи дека се работи за спроведување на Охридскиот договор.

САД - Десетици демонстранти неколку пати го прекинаа сослушувањето во американскиот Конгрес во кој двајца советници на американскиот претседател Џо Бајден побараа уште една милијарда долари помош за Израел. Демонстрантите ги осудија американските функционери со коментар дека поддржуваат „геноцид“ над Палестинците во Газа и повикаа на примирје, пренесува „Ројтерс“.

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека е информиран оти власта подготвува нов закон со кој се заштитуваат деловните тајни, но се уште го нема добиено. Тој смета дека овој закон е поврзан со проектот за изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10Д.

ФРАНЦИЈА - Француската полиција за борба против тероризам пукаше во невооружена жена која наводно се заканувала на неколку случајни минувачи на железничката станица. Како што пренесува „Ројтерс“, жената носела хиџаб и извикувала „Алаху Акбар“, како и „сите ќе умрете“, рече шефот на полицијата во Париз, Лорент Нунез.

БИХ - Министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ денеска изјави дека и во оваа земја постои опасност од терористички напад, па тамошните безбедносни агенции ги зголемија мерките за претпазливост, пренесуваат тамошните медиуми.

САУДИСКА АРАБИЈА - Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Светското првенство во 2034 година, откако Австралија ја повлече својата кандидатура. Фудбалскиот сојуз на Австралија ја потврди одлуката за повлекување на понудата, само неколку часа пред истекот на рокот. Со ова Саудиска Арабија остана единствениот кандидат за домаќин на престижното натпреварување.

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлуки со кои крајната цена за испорачаната топлинска енергија на потрошувачите снабдувани од ЕСМ од бараното зголемување на цената од над 50 %, одобри 4,51 проценти.

MONEY ЕУ - Инфлацијата во еврозоната падна на 2,9 отсто во октомври, што е најниско ниво во повеќе од две години, бидејќи цените на горивата паднаа, а Европската централна банка го забрза зголемувањето на каматните стапки.

ЦРНА ГОРА - Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, ја осуди изјавата на претседателот на Република Српска, Милорад Додик за создавање „држава на Србите“.

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Тринаесет лица добија затворски притвор, едно лице оди во куќен притвор, а за 12 од осомничените во акцијата „Синџир“, судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и за нив има определено мерки на претпазливост, соопштуваат од Кривичниот суд во Скопје.