Поранешниот шпански фудбалски шеф Луис Рубиалес денеска доби три години суспензија од страна на ФИФА, откако на Светското првенство за жени присилно ја бакна во уста фудбалерката Џени Хермосо.
Рубиалес првично беше суспендиран на 90 дена поради бакнување за време на доделувањето на медалите, откако Шпанија го освои Светското пренство за жени во Сиднеј на 20 август.
ФИФА соопшти дека Рубиалес го прекршил кодексот на однесување и дека три години ќе му биде забрането да учествува во сите активности поврзани со фудбалот.
Хермосо рече дека инцидентот ја оставил да се чувствува „ранливо и како жртва“ и го опиша како „импулсивен, мачо чин, без контрола и без никаква согласност од моја страна“.
Рубиалес, кој постојано тврдеше дека бакнежот бил консензуален, во септември поднесе оставка на чело на Шпанската фудбалска асоцијација.
„Дисциплинската комисија на ФИФА му ги забрани на Луис Рубиалес, поранешниот претседател на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ), сите активности поврзани со фудбалот на национално и меѓународно ниво три години“, објави организацијата со седиште во Цирих.
Видете и ова:
Мароко, Шпанија и Португалија домаќини на Светското првенство во 2030 годинаФИФА соопшти дека Рубиалес бил информиран за одлуката во понеделникот и има 10 дена да побара таканаречена образложена одлука, која, доколку биде побарана, ќе биде објавена на правната веб-страница на ФИФА.
„Одлуката останува предмет на можна жалба пред Комитетот за жалби на ФИФА“, се вели во соопштението.
Случајот со бакнежот имаше големи реперкусии во Шпанија, што доведе до промена во раководството на женскиот тим и предизвика протести на феминистички и студентски групи.
Откако Шпанија ја победи Англија со 1-0 во финалето на Светското првенство, РФЕФ најпрвин објави соопштение во кое ја цитира Хермоза дека бакнежот бил „природен гест на наклонетост и благодарност“.
Рубиалес понуди привидно извинување, но подоцна го заостри својот став на состанокот на федерацијата на 25 август, што ја натера Хермосо да ја објави сопствената изјава во која негира дека бакнежот бил консензуален и велејќи дека тоа ја натерало да се чувствува „ранливо“ и „жртва на напад“.
Ден подоцна, федерацијата ја обвини дека „лажела“ за инцидентот, заканувајќи и се со правна постапка.