Сончева недела со слаб ветер

Денеска се очекува сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени, најавија од УХМР.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Видете и ова:

ЕУ ќе инсистира на укинување на фосилните горива на Самитот за климатски промени


Во наредните денови ќе продолжи периодот на релативно топло време за овој период од годината. Во вторник и среда наутро понекаде во котлините ќе има утринска магла, а преку денот зголемена облачност. Услови за повремен дожд ќе има во среда и ноќта кон четврток, а потоа преку денот во четврток и позначително намалување на температурата