Германија испорача трет моќен противвоздушен одбранбен систем ИРИС-Т на Украина додека земјата се подготвува за уште еден можен руски ракетен напад оваа зима.
Системот беше предаден оваа недела, соопшти Министерството за одбрана во Берлин на 27 октомври.
Видете и ова: Мишел: Важно е Советот на ЕУ да покаже единствоМинистерот за одбрана Борис Писториус ја истакна континуираната поддршка на Германија за Украина во нејзините борби против инвазијата на руските сили.
Во своето вечерно видео обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази благодарност за „многу силниот пакет од Германија“, велејќи дека тоа „во голема мера ќе им помогне на нашите војници и на одбраната на нашите градови“.