Тинејџерка во Техеран почина по инцидент поради неносење хиџаб

тинејџеркатa Армита Гараванд, архивска фотографија

Иранската тинејџерка Армита Гараванд, наводно, починала на 28 октомври, речиси еден месец откако паднала во кома по спорниот инцидент во метрото во Техеран,поврзан со носењето на хиџаб.

Овој инцидент настана по нешто повеќе од една година по смртта на Махса Амини, која почина во полицискиот притвор поради неносење правилно на шамија. Смртта на Амини предизвика повеќемесечни протести низ целата земја, кои беа проследени со брутално задушување.

Групите за права и новинарите тврдат дека Гараванд и двае нејзини пријателки се соочиле на 1 октомври од полицајци затоа што не носеле хиџаб, и така пробале да влезат во метро станицата во Техеран.

Еден од пријателите рече дека полицајците физички ја нападнале Гараванд, која подоцна паднала во несвест откако влегла во вагонот на метрото

Од друга страна, пак официјалните лица рекоа дека Гараванд доживеала ненадеен пад на крвниот притисок, се онесвестила и паднала на подот, удирајќи ја со главата.

Извор од болницата, кој поради безбедносни причини побара да остане анонимен за радиото Фарда на РСЕ, веднаш по инцидентот изјави дека Гараванд претрпела внатрешно крварење во мозокот.

„За жал, таа извесно време беше во кома откако претрпе оштетување на мозокот. Таа почина пред неколку минути“, објави официјалната владина новинска агенција ИРНА на 28 октомври.

Смртта на Гараванд ја објавија и други новински агенции поврзани со државата. Ниту семејството, ниту претставниците на болницата не ги потврдија извештаите.

Состојбата на Гараван предизвика загриженост на Западот и меѓу меѓународните групи за права, откако наводната снимка од инцидентот се прошири на социјалните мрежи. На видеото се гледа како Гараванд влегува во вагонот на метрото, но не покажува што точно се случило во секундите пред да се прикаже нејзиното тело како изнесено од него.