Сончев и малку ветровит викенд

Есен во Скопје

Денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Според прогнозата на УХМР ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Низ државата температурите ќе се движат од мининалната 10 степени до максималната 26 степени во Гевгелија.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб југозападен ветер. Температурата во градот ќе се движи од 12 до 23 степени.

Видете и ова:

Усвоена новата европска директива за обновливи извори на енергија

Во наредните три дена се очекува појава по одделни котлини на утринска магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува.