НАТО ја повика Русија да се повлече од Молдавија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

НАТО целосно го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Молдавија. Ја повикуваме Русија да ги повлече своите сили од територијата на земјата, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на средбата со молдавскиот премиер Дорин Речан, во седиштето на Алијансата во Брисел.

„Москва продолжува да врши притисок врз Молдавија, вклучително и со енергетска уцена и ширење на дезинформации, настојувајќи да го дестабилизира општеството и да ја поткопа демократијата во оваа земја“, рече Столтенберг.

Тој посочи дека Молдавија одлучно одговорила на војната во Украина, осудувајќи го рускиот напад и ја подобрува сопствената безбедност. Молдавија може да смета на нашата поддршка, додаде генералниот секретар.

Видете и ова:

Столтенберг: НАТО ќе ја зголеми поддршката за БиХ, Грузија и Молдавија

Според него, Алијансата ги поддржува подобрувањето на кибер одбраната и стратешките комуникации на Молдавија и изрази очекување дека тоа ќе и помогне на земјата на патот кон ЕУ.

„Рускиот напад врз Украина не поттикна да преземеме дополнителни чекори за нашата безбедност и за зајакнување на општеството, институциите и нашата одбрана“, додаде Речан.

Тој посочи дека Молдавија би сакала да учествува не само во мисиите, туку и во вежбите на НАТО.