Израелските копнени сили во текот на ноќта извршија релативно голем упад во Појасот Газа, објави израелската армија на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).
„Во подготовка за следните фази од борбата, израелските сили дејствуваа во северниот дел на Газа. Тенковите и пешадијата нападнаа бројни терористички ќелии, инфраструктура и локации за лансирање противтенковски ракети. Војниците во меѓувреме ја напуштија областа и се вратија на израелска територија “, напишаа израелските одбранбени сили.
Во меѓувреме на Самитот за безбедност Русија и Кина ставија вето на нацрт-резолуцијата предложена од САД, додека текстот предложен од Москва не доби доволно поддршка.
Видете и ова: Нетанјаху: Подготвуваме копнена инвазија на Појасот ГазаСАД подготвија резолуција со која се предлагаат „хуманитарни паузи“ за да се дозволи помош за блокираниот Појас Газа. Поддржано е и правото на „сите држави“ на самоодбрана во границите на меѓународното право.
Тој нацрт не бараше целосен прекин на огнот.
Русија претстави предлог со кој се повикува на „итно, трајно и целосно почитуван хуманитарен прекин на огнот“ и со кој „го осудува секое насилство и непријателства против цивилите“.
Десет земји ја поддржаа американската резолуција, но Русија и Кина ставија вето. Против гласаа и Обединетите Арапски Емирати, кои значително ги подобрија односите со Израел, но го претставуваат арапскиот блок, додека Бразил и Мозамбик беа воздржани.