Според непотврдени информации, најмалку 15 лица се убиени во масовното пукање што се случило во средата во градот Луистон во американската сојузна држава Мејн, јавуваат Б-Би-Си и Си-Ен-Ен, повикувајќи се на повеќе полициски извори.
Исто така, според непотврдени извештаи, најмалку 50 луѓе се ранети.
Радио Слободна Европа не можеше да ја потврди оваа информација.
Генералниот медицински центар Мејн соопшти дека реагира на „масовна несреќа, масовно пукање“ и дека се координира со другите болници во областа за лекување на ранетите.
Полицијата го наведе Роберт Кард (40) како можен напаѓач и рече дека треба да се смета за „вооружен и опасен“, предупредувајќи дека е на слобода.
Канцеларијата на шерифот на округот Андроскогин објави две фотографии од осомничениот на Фејсбук, велејќи дека тој е во бегство.
Роберт Кард
Се бара помош од јавноста за да се идентификува осомничениот на сликата, брадест маж во кошула со долги ракави и фармерки кој држи пушка.
На жителите на Левистон им е кажано да не излегуваат на улиците.
Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден е свесен за ситуацијата и ќе продолжи да информира.
„Сан журнал“, цитирајќи го портпаролот на полицијата во Левистон, објави дека напаѓачот пукал во две различни установи, вклучително и ресторан.
Во меѓувреме, училиштата во областа ќе бидат затворени, рече во соопштението началникот на јавните училишта во Левистон, Џејк Ленглејс.
Државната полиција на Мејн, соопшти дека е отворен центар за луѓе кои имаат прашања за членовите на семејството, пријателите и други.