Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Израел има право да одговори на нападот на Хамас, но дека мора да направи „се што е во негова моќ“ за да ги заштити цивилите.
„Израел има право и јас би ја додал одговорноста да одговори на колежот на својот народ. И ќе се погрижиме Израел да го има она што му треба за да се одбрани од овие терористи, тоа е загарантирано“, рече Бајден на прес-конференција со австралискиот премиер Ентони Албанес.
Видете и ова: Нетанјаху: Подготвуваме копнена инвазија на Појасот ГазаТој посочи дека фактот што Хамас не ги претставува сите Палестинци, му става посебен товар на Израел.
„Израел мора да направи се што е во негова моќ, без разлика колку е тешко, да ги заштити невините цивили“, рече американскиот претседател.
Бајден додаде дека мора да престанат нападите на израелските доселеници врз Палестинците на Западниот Брег, наведувајќи дека тоа „долева масло на огнот“.