Русија успешно ја тестираше својата способност да изведе масовен одмазднички нуклеарен напад од копно, море и воздух, соопшти Кремљ на 25 октомври, пренесува Ројтерс.
„Практично лансирање на балистички и крстаречки ракети се случи за време на тестирањето“, се вели во соопштението.
Државната телевизија го прикажа министерот за одбрана Сергеј Шојгу како разговара со Путин за време на вежбата.
Видете и ова: Русија се повлече од договорот за нуклеарно оружјеВо истото соопштение на Кремљ се вели дека интерконтинентална балистичка ракета Јарс била истрелана од полигон на далечниот исток на Русија.
Исто така се вели дека подморница на нуклеарен погон лансирала балистичка ракета од Баренцовото Море и дека бомбардерите со долг дострел Ту-95МС тестирале лансирање на крстосувачки ракети од воздух.
Вежбата доаѓа во време кога Русија е заглавена во она што го смета за егзистенцијален ќор-сокак со Западот околу Украина и во време кога ја отповика својата ратификација на историскиот договор за нуклеарно тестирање со САД.