Кина „ќе направи сѐ“ за помирување меѓу Палестинците и Израел

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на церемонијата на отворање на дипломатски симпозиум во Пекинг, 24 октомври 2023 година

Кина ќе направи се за да придонесе за палестинско-израелското помирување, му рекол кинескиот министер за надворешни работи на својот израелски колега во телефонски разговор, пренесуваат кинеските државни медиуми.

Пекинг цврсто ќе ја поддржи секоја резолуција што води кон мир, му рече Ванг Ји на израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен, нарекувајќи го конфликтот „голем избор меѓу војна и мир“, објавија во вторникот кинеските државни медиуми.

Ванг го повика Израел да преземе ефективни мерки за заштита на безбедноста на кинеските граѓани и институции на Блискиот Исток, додавајќи дека „сите земји имаат право на самоодбрана, но треба да се придржуваат до меѓународното хуманитарно право и да ја заштитат безбедноста на цивилите“.

Кина го осуди насилството и нападите врз цивилите во конфликтот, меѓутоа, додека Ванг оцени дека акциите на Израел отишле „надвор од опсегот на самоодбрана“, тој не го именуваше Хамас во своите коментари.

Видете и ова:

Кина негира дека го проширила нуклеарниот арсенал

Во одвоен телефонски разговор со палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал-Малики, Ванг рече дека „длабоко сочувствува“ со луѓето во Газа и дека она што им е најпотребно се безбедноста и напорите за запирање на војната и промовирање на мирот, а не оружје или геополитички калкулации.

Во однос на конфликтот на Блискиот Исток, Кина и Русија се најдоа на различни страни.

Кина и Русија го делат ставот дека легитимните национални права на палестинскиот народ не се исполнети, а Соединетите Држави го осудија нападот на Хамас, целосно поддржувајќи го правото на Израел да се брани.

Кина, која повторно повикува на прекин на огнот, јасно стави до знаење дека нејзините воени бродови на Блискиот Исток се дел од рутински мисии за придружба и пријателски посети, а не интервенција во конфликтот, пишува кинескиот државен весник Глобал тајмс.

Весникот наведува дека портпаролот на кинеската амбасада во САД повикал да се стави крај на „неоснованото пренагласување“ на испраќање кинески воени бродови на Блискиот исток по извештаите за неколку воени бродови стационирани во регионот.