Сончево и топло време во текот на викендов најавува Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Максималната дневна температура денеска ќе се движи од 22 до 29 степени, а на некои места се очекува да дува и засилен ветер од јужен правец.
Во ноќните часови, пак, од саботата кон недела времето ќе се дестабилизира и се очекува локален пороен дожд и ретки грмежи.
За утре (недела) УХМР, исто така, најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност во текот на денот. Дневната температура ќе биде во интервал од 19 до 28 степени.
Стабилно и релативно топло време се очекува да се задржи до средината на следната седмица.