Британскиот премиер Сунак во посета на Блискиот Исток

Британскиот премиер Риши Сунак зборува за медиумите по слетувањето на меѓународниот аеродром Бен Гурион во Лод, во близина на Тел Авив, Израел, 19 октомври 2023 година.

Британскиот премиер Риши Сунак се сретна со египетскиот претседател Абдул Фатах ал Сиси.

Претходно денеска, Сунак се сретна со емирот на Катар во Саудиска Арабија во рамките на неговата турнеја низ регионот.

Портпаролката на премиерот рече дека приоритет на Обединетото Кралство е да го отвори преминот Рафа за хуманитарна помош.

„Сите лидери мора да работат заедно за да избегнат каква било регионална ескалација и да обезбедат хуманитарната помош да стигне до цивилите во Газа“, напиша Сунак.

Видете и ова: Повеќето Израелци веруваат дека Нетанјаху е виновен што не го спречил нападот на Хамас

Инаку, денеска шефот на ОН Антонио Гутереш го денеска обиколи преминот Рафах, меѓу јужниот дел на Газа и Египет и предупреди дека два милиони луѓе во Газа страдаат ужасно. Гутереш рече дека разговорите се во тек за „ограничувања“ што ја спречуваат испораката на помош во Газа.

Стотици возила со хуманитарна помош чекаат дозвола за влез во Газа. Газа и понатаму е под опсада, а Израел го блокира снабдувањето со вода, електрична енергија, храна и гориво преку границата.

Палестинските власти соопштија дека бројот на загинати од 7 октомври во Појасот Газа се искачи на 4.127.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека кога ќе заврши војната со Хамас, Израел ќе ја прекине одговорноста за животот во Појасот Газа и ќе ги прекине врските со него.

Јоав Галант, исто така, ги наведе целите за „елиминација на Хамас и уништување на неговите воени и управувачки способности“ и „создавање нова безбедносна реалност во регионот“, се вели во соопштението.

Израел ги повлече своите војници и доселеници од Газа во 2005 година, иако ја задржа контролата врз воздушниот простор, заедничката граница и крајбрежјето.