Американскиот претседател Џо Бајден ќе ги пречека европските лидери Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен во Вашингтон на 20 октомври, на самитот кој треба да испрати порака за единство за конфликтите во Газа и Украина.
Самитот ЕУ-САД се одржува во време на глобални кризи, борбите во Украина и израелското објавување војна на Хамас по нападот на 7-ми октомври.
Американските и европските лидери ќе бидат подготвени да претстават обединет фронт, барајќи да го зајакнат своето „стратешко партнерство“.
Видете и ова: Бајден: Хамас и Путин имаат иста цел-да ја уништат демократијатаПретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ден претходно изјави дека постои реален ризик од поширок регионален конфликт поради војната меѓу Израел и Хамас.
„Видовме арапски улици исполнети со гнев низ целиот регион. Значи, ризикот од регионално прелевање е реален“, рече Фон дер Лајен.
Таа го опиша Иран како „покровител на Хамас“ и рече дека „тие само сакаат да го разгорат огнот на хаосот“, додека Русија, „воениот клиент на Иран“, внимателно го следи, рече таа, додавајќи дека „Русија и Хамас се слични“.
Ова е втор самит меѓу САД и Европската Унија откако Џо Бајден го презеде претседателството.