Украинскиот парламент ја забрани Православната црква поради наводни врски со Русија

илустрација

Парламентот на Украина даде зелено светло за забрана на Украинската православна црква - Московска патријаршија, која Киев ја обвинува за соработка со Русија.

Црквата, која тврди дека повеќе не е поврзана со Руската православна црква, ги отфрла обвинувањата на Киев и ја смета забраната за неуставна.

Пратеникот Јарослав Жележњак на Телеграм напиша дека пратениците го поддржале законот во прво читање.

Законот допрва треба да помине во второ читање и мора да биде потпишан од претседателот. Законот ќе ги забрани активностите на верските организации поврзани со центрите на моќ во државата која врши вооружена агресија против Украина.

Видете и ова:

Украина на чекор да забрани цркви поврзани со Русија

Друга пратеничка, Ирина Херашченко, гласањето го оцени како историско и прв чекор во отстранувањето на „московските свештеници од украинската земја“.

Украинските власти и бројни граѓани со години веруваат дека Украинската православна црква е лојална на Москва.

Од руската агресија во февруари 2022 година, покренати се 68 обвиненија против нејзините свештеници, вклучително и за велепредавство.