САД ги предупредува своите граѓани во странство да бидат особено претпазливи

Американски Стејт департмент

Поради зголемените тензии на различни локации низ светот, потенцијал за терористички напади, демонстрации или насилни дејствија против граѓаните и интересите на Соединетите Американски Држави (САД), Стејт департментот ги советува американските граѓани во странство да бидат особено претпазливи.

Во предупредувањето до американските граѓани Стејт департментот наведува дека постои можност за напади.

Граѓаните на САД треба да бидат внимателни на туристичките места и да се пријават на Програмата за паметни патници (СТЕП) за да добиваат информации и предупредувања и за да се олесни при лоцирање во итни случаи во странство.

Видете и ова:

Бајден ќе ѝ се обрати на нацијата

Соопштението доаѓа откако американскиот претседател Џо Бајден се врати од посетата на Израел во време кога таа земја е во војна со милитантното палестинско движење Хамас. Бајден рече дека САД ќе се погрижат Израел да има сѐ што е потребно за да се брани.