Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предложи редовни безбедносни разговори со Северна Кореја и Кина за справување со, како што рече, зголемените регионални воени закани предводени од Соединетите Американски Држави (САД).
Лавров го даде предлогот на средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на 19 октомври во Пјонгјанг.
Лавров е во Северна Кореја на состаноци кои се очекуваат да се фокусираат на тоа како да се зајакнат одбранбените врски на двете земји. Соединетите Американски Држави минатата недела соопштија дека Северна Кореја и префрлила муниција на Русија за да ги зајакне своите борбени способности во Украина, што ги прекршува резолуциите на Советот за безбедност на ОН.
Во четвртокот Лавров се сретна со Ким на разговори кои траеја околу еден час, објави руската државна новинска агенција Тасс, без да објави други детали.
Лавров претходно во четвртокот се срета и со својот севернокорејски колега, Чое Сон Хуи. Тие разговарале за „обновување на полноправни контакти“ и интензивирање на економската соработка, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Видете и ова: Лавров се сретна со Ким Џонг-Ун и вети поддршка за ПјонгјангСе додава дека Лавров го поканил Чое да ја посети Москва „кога ќе му биде згодно“. Министерството, исто така, рече дека Лавров им препорачал на руските туристи да почнат да летуваат во Северна Кореја.
Посетата на Лавров се смета за подготовка на теренот за посетата на претседателот Владимир Путин, кој ја засили соработката со политички изолираната Северна Кореја.