САД со санкции против припадници на Хамас и финансиската мрежа на оваа организација

Знамето на САД (Илустрација)

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден воведе санкции против десетмина припадници, оперативци и финансиски поддржувачи на Хамас, со цел да се спречи финансирањето на палестинската милитантна организација.

Санкциите, според соопштението на Министерството за финансии на САД, насочени кон „тајното инвестиционо портфолио на Хамас“, кое милитантната група го користеше да се прикријат докази за тоа кој ги користи средствата, како и против менувачниците за виртуелни валути кои Хамас ги користи за собирање и префрлување средства.

Видете и ова: Бајден за експлозијата во болницата во Газа: Се чини дека тоа го направи другиот тим

„САД преземаат брзи и одлучни мерки против оние кои го финансираат Хамас и посредниците по неговиот брутален и несовесен масакр на израелски цивили, меѓу кои имаше и деца“, се вели во соопштението на министерството за финансии на САД.

Санкциите, наметнати поради нападот на Хамас на Израел, насочени се кон девет поединци и еден ентитет со седиште во Газа и на другите места, вклучувајќи ги Судан, Турција, Алжир и Катар.