Од безбедносни причини евакуирани се аеродромите во Лион, Тулуз и Лил, соопшти на 18 октомври француската полиција.
Заканите пристигнале по електронска пошта, но властите не ја соопштиле содржината на заканувачките пораки.
Властите на Лион набргу потоа објавија дека тревогата на аеродромот е лажна, а веднаш испратија и известување во кое ги потсетија граѓањите дека ширењето лажни информации од ваков тип се казнува со високи парични казни и затвор.
Франција прогласи вонредна состојба поради можни напади, што е највисоко ниво на безбедност.
Локалните медиуми потсетуваат дека претходните денови имаше неколку евакуации во Франција, меѓу кои и оние во Музејот Лувр и палата, по убиството на наставникот извршено од радикализиран исламист во Арас.
Во соопштението на француската полиција, се додава и дека досега сите закани на аеродромите биле лажни.
Видете и ова:
Вонреден состанок на ЕУ поради последиците од војната меѓу Израел и Хамас