Украинските сили во вторникот соопштија дека ја уништиле руската воена опрема во ракетните напади врз воените аеродроми во окупираните делови на двата региони и наводно извршиле нов напад со беспилотни летала на Крим додека Русија повторно нападнала со проектили и беспилотни летала.
Украинскиот Генералштаб рано на 17 октомври објави дека украинските сили погодиле два руски хеликоптери, складиште за муниција и артилериско оружје, без да даде детали каде се случил нападот.
Во друго соопштение, Центарот за стратешки комуникации на вооружените сили на Украина објави на Телеграма дека украинските сили извршиле успешни напади врз руски хеликоптери и друга опрема на аеродромот во близина на окупираните градови Луганск во источната Доњецка област и Бердјанск, во јужната област Запорожје.
Тврдењата на украинската војска не можеа да бидат независно проверени.
Видете и ова:
Ходорковски: На Путин му треба хаос за да го добие тоа што го сакаВладимир Рогов, руски функционер во окупираниот дел на Запорожје, негираше дека украинскиот напад бил успешен, соопштувајќи на Телеграм дека проектилите се соборени.
Сергеј Аксјонов, гувернер на окупираниот Крим назначен од Москва, рече дека руската противвоздушна одбрана соборила осум украински беспилотни летала кои го нападнале полуостровот во текот на ноќта.
Во Доњецк, во текот на изминатиот ден, во руски артилериски напади загинаа најмалку двајца цивили во Первомајск, изјави на 17 октомври гувернерот на регионот, Ихор Мороз.
Руските сили лансираа и неколку беспилотни летала и проектили кон Украина во текот на ноќта, соопшти украинскиот Генералштаб.
„Украинската воздушна одбрана уништи една наведувана ракета Х-59 и шест беспилотни летала Шахед-136/131“, се вели во соопштението на армијата, во кое се додава дека се уште се проценуваат последиците од рускиот напад.
На бојното поле продолжиле интензивните борби околу источниот град Авдијевка, северно од Доњецк, каде руските сили се обидуваа да ги пробијат линиите во последните неколку дена.
Украинските сили ги одбиле и руските напади во правец на Бахмут, Купјанск, Мариенка и Шахтјор, се вели во соопштението и се додава дека контраофанзивата на Киев во Запорожје продолжува со „делумен успех“ во правец на Мелитопол.