Двајца шведски државјани беа застрелани во Брисел на 16 октомври пред фудбалскиот натпревар меѓу Белгија и Шведска, соопшти полицијата. Веднаш по овој инцидент Белгија ја подигна тревогата за тероризам на највисоко ниво. Осомничениот за нападот е се уште во бегство. Вооружениот напаѓач, облечен во флуоресцентна портокалова јакна, побегнал со скутер.
Белгискиот премиер Александар де Кро на социјалната мрежа Х, порано позната како Твитер, потврди дека жртвите се Швеѓани.
„Штотуку му изразив искрено сочувство на шведскиот премиер по вечерашниот страшен напад врз шведски граѓани во Брисел“, напиша тој на социјалната платформа „X“, порано познат како Твитер.
„Нашите мисли се со семејствата и пријателите кои ги загубија своите најблиски. Како блиски партнери, борбата против тероризмот е заедничка“, додаде белгискиот премиер.
Неколку белгиски медиуми објавија дека двајцата убиени носеле фудбалски дресови на шведската репрезентација пред натпреварот меѓу Шведска и Белгија.
Фудбалскиот натпревар Белгија-Шведска од квалификациите за Евро 2024 што се игра во градот е прекинат, соопшти УЕФА.
Видете и ова: Вонреден состанок на ЕУ поради последиците од војната меѓу Израел и ХамасПрестрелката доаѓа во време на зголемени безбедносни грижи во некои европски земји поврзани со конфликтот Израел-Хамас. Федералниот обвинител задолжен за случаи на тероризам започна истрага.
Во видео споделено на интернет страницата на фламански весник, стрелецот се гледа со автоматско оружје на рамото, како бега со скутер.
На видеото се слушаат четири истрели.
Полицијата ја опколи областа каде што се случи престрелката, јавува новинската агенција Фрас Прес.