Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахјан ја изрази поддршката на неговата земја за правата на палестинскиот народ, велејќи дека тековната војна во Газа ќе влијае на целиот регион.
Амирабдолахјан рече дека постои потреба да ставање на крај на „убиствата на деца и цивили во Палестина“.
Видете и ова:
Началникот на Генералштабот на Израел ги призна пропустите што го овозможиле нападот на ХамасИранскиот официјален претставник ја истакна поентата во четвртокот, 12 октомври, за време на состанокот во Багдад со ирачкиот советник за национална безбедност Касим ал-Араџи.
Ал Араџи рече дека во петок во различни делови на Ирак ќе се одржат демонстрации за поддршка на Палестинците.
Иран е главниот поддржувач на палестинските фракции со седиште во Газа, вклучувајќи ги Хамас и групата Исламски џихад, потсетува АП.