Франција е против укинување на помошта од ЕУ за Палестина

илустрација, Ајфелова кула, Париз

Франција „не е за укинување на помошта од која директна корист има палестинското население“, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Париз.

За ова, како што наведуваат, е информирана Европската Комисија.

Соопштението беше објавено откако европскиот комесар за проширување Оливер Вархеј вчера изјави дека Европската унија „веднаш ќе ги прекине сите уплати“ во рамките на оваа развојна помош.

Подоцна во понеделникот, Европската Унија ја смени својата одлука објавена претходно истиот а комисијата потоа соопшти дека започнува „итна ревизија на помошта на Европската унија за Палестина“.

Видете и ова: ЕУ ја прекина помошта за Палестинците по нападот на Хамас врз Израел

Немаше објаснување за променетата одлука на Комисијата.

Целосните соопштенија од Европската комисија, како оваа најнова, секогаш имаат поголема правна сила од оние што ги издаваат европските комесари, но промената на помошта вредна 691 милиони евра за Палестинците е врв на она што АП го пишува дека е срамен ден за Највисокото извршно тело на Европската Унија во време на екстремни геополитички настани кои се многу чувствителни.

И левичарската влада на Шпанија во понеделникот го изрази своето несогласување со одлуката на Европската комисија да ја прекине помошта за Палестинците поради нападот на екстремистичкиот Хамас врз Израел.

Несогласување со таа одлука изрази и генералниот секретар на ОН.

Европа е еден од главните извори на помош за окупираните палестински територии, каде што Обединетите нации проценуваат дека хуманитарна помош е потребна за околу 2,1 милион луѓе, меѓу кои и еден милион деца.

Германија и Австрија најавија прекин на помошта за Палестинците, додека други земји како Италија изјавија дека прекинот на помошта не е предмет на дискусија.