Времето денеска ќе биде студено наутро, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен, а попладне вдолж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец кој на одредени места ќе достигне брзина до 60 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утринската температура ќе биде од 0 до 11 Целзиусови степени, а во текот на денот од 21 до 31 Целзиусов степен.
Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Темпертурата во текот на денот ќе се искачи до 29 Целзиусови степени.
И во Скопје, утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата утре ќе се искачи до 26 Целзиусови степени.