Ковачевски - ДДВ-то во земјава е пониско во однос на регионот и ЕУ

Премиерот на Северна Македонија Димитар КОвачевски.

Откако Владата ја најави мерката за производи со повисоки цени, премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека листата на производи со повластена стапка од 5 проценти на која се наоѓаат 1600 производи била детално прегледана од експерти, наведувајќи дека ДДВ-то во Северна Македонија било најниско во однос на сите држави во регионот, но и од сите држави во ЕУ.

„Ние имаме основна ставка на ДДВ 18 проценти, Србија има 20 проценти, Хрватска има 25 проценти, Грција има 21 процент, Албанија има 20 проценти, што значи дека сите имаат повисока основна даночна стапка од нашата“, рече Ковачевски.

Откако пред две недели цените на одредени прехранбени производи и пијалаци беа намалени за 10 проценти, сега одново дел од тие производи се со повисоки цени. Владата дел од овие производи ги опфати во најновата мерка за зголемен ДДВ во која требаше да бидат вклучени само луксузните производи.

Видете и ова: Цените на храната „здивеа“ од мерките на Владата

Од Владата претходно, кога и беше најавена оваа мерка, соопштија дека во неа ќе бидат опфатени само луксузните продукти, меѓутоа сликата во маркетите е поинаква. Од изутрината на 6 ти Октомври по нови повисоки цени се продаваат и производи како цвеклото, мајонезот, лутеницата, компоти, сите видови апетисани, конзервирана храна, но и храна за деца.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја повикаа владата да ја корегираат листата со зголемено ДДВ. Оттаму побараа сите производи кои се на листата, а се од секојднев на употреба, да се вратат на 5 отсто ДДВ.

Ковачевски вели со на тоа дека листата била за 1600 производи и ако дел од нив се користат на секојдневна основа, „тогаш може да се разгледаат.“

Тука, како што наведе, не спаѓаат само производи во прехранбената индустрија, тука и производи кои се однесуваат на производство на храна.

„Значи вештачките ѓубрива и други семенски материјали исто така се на пет проценти повластена стапка. Земјоделска механизација исто така на 5 проценти повластена стапка“, рече Ковачевски.