Министерството за надворешни работи на Северна Македонија соопшти дека седум македонски државјани се наоѓаат во градот Витлеем, на Западниот Брег, но дека овој град не е погоден од актуелните случувања во Израел.
Според информациите на нашата амбасада во Тел Авив во врска со сложената безбедносна ситуација во јужниот и централниот дел на Израел, Министерството за надворешни работи ги повикува граѓаните на Северна Македонија кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел.
Оттаму велат дека на располагање се СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Израел +972-54-926-7378.
Милитантите на Хамас во Појасот Газа рано изутрината на 7 октомври лансирале илјадници ракети на повеќе локации во Израел, откако десетици борци на Хамас се инфилтрираа преку силно утврдената граница. Израелската војска по нападот соопшти дека напаѓа цели на Хамас во Газа и вети дека „Израел ќе победи“.
Видете и ова:
Израел „во војна“ по ненадејните напади на Хамас, стотици мртвиИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на 7 октомври изјави дека неговата земја е во војна, говорејќи по големиот ненадеен напад од страна на палестинската милитантна група Хамас.
Израелската војска на 7 октомври соопшти дека напаѓа цели на Хамас во Газа, по интензивниот ракетен напад во раните утрински часови, насочен кон јужен Израел.
Милитантната група Хамас истрела десетици ракети кон Израел рано утрото на 7 октомври, што предизвика предупредување за воздушен напад низ целата земја, вклучително и во Ерусалим и Тел Авив.
Воен портпарол изјави дека куќа во Тел Авив била погодена од ракета, иако нема моментални извештаи за жртви таму.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
„Граѓани на Израел, ние сме во војна, и ќе победиме“
Седумдесетгодишна жена наводно била убиена во јужен Израел, каде што властите ја предупредиле јавноста да остане во своите домови поради „безбедносниот инцидент“.
По состанокот на безбедносниот кабинет во воениот штаб на Израел во Тел Авив, министерот за одбрана Јоав Галант предупреди дека Хамас „направил сериозна грешка“ со лансирањето ракети кон јужниот и централниот дел на Израел во својот ненадеен напад рано наутро.
Во една од најсериозните ескалации последниве години меѓу Израел и милитантната група која владее со Газа, вооружени лица на Хамас ја преминаа граничната ограда на неколку места и се инфилтрираа во израелските заедници.
На 7 октомври Европската унија ги осуди нападите на палестинската група Хамас врз Израел и повика на итен прекин на насилството.