Шест Колумбијци осомничени за убиство на еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио беа убиени во затвор на 6 октомври, соопштија официјални лица.
Претседателот на Еквадор, Гилермо Ласо, кој е на приватно патување во Њујорк, а на 7 октомври требаше да ја посети Јужна Кореја, го откажа патувањето.
Затворската управа на Еквадор соопшти дека во затворот „Гуајас 1“ се случил инцидент кој резултирал „со смрт на шест лица“.
Подоцна беше појаснето дека починатите биле „од колумбиска националност и обвинети за убиство на поранешниот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио“.
Вилависенсио, 59-годишен новинар, беше застрелан на 9 август додека го напушташе предизборниот митинг во главниот град Кито, 11 дена пред првиот круг на гласање.
Видете и ова:
Претседателскиот кандидат во Еквадор убиен за време на митингОткако се појави веста за смртта во затворот, претседателот Ласо рече дека се враќа дома.
„Во следните неколку часа ќе се вратам во Еквадор за да се погрижам за овој итен случај. Нема соучесништво или прикривање, вистината ќе се знае овде“, изјави Ласо на мрежата Х, порано позната како Твитер.
Јавното обвинителство рече дека неговите агенти, заедно со полицијата и војската, „имплементирале безбедносни протоколи ... во светло на немирите што се случија во петокот попладне“.
Во соопштението на платформата Х се додава дека „во следните часови специјализиран воен персонал ќе ги изврши првите рации и извидување на блокот 7, од каде настанале инцидентите, со цел да се преземе контрола врз ситуацијата“.
Властите не објавија дополнителни детали за убиствата, кои се случија само неколку дена пред вториот круг од претседателските избори на 15 октомври.
Во вториот круг учествуваат близок соработник на поранешниот социјалистички претседател Рафаел Кореа, кому Вилависенсио му беше жесток противник и десничарски кандидат.
Убиениот Вилавиченсио беше центристички политичар и борец за борба против корупцијата и втор најпопуларен кандидат во претседателската трка во земјата на 20 август, според анкетите.
Вилавиченсио претходно изјави дека му се заканувале членови на огранок на мексиканскиот картел Синалоа, една од многуте меѓународни организирани криминални групи кои дејствуваат во Еквадор.