Најмалку 89 загинати при нападот во Сирија

Членовите на почесната гарда ги носат ковчезите на две од жртвите кои беа убиени во напад на воена академија

Бројот на загинати при нападот со беспилотно летало на церемонијата на дипломирање во воената академија во централна Сирија се искачи на најмалку 89, од кои 31 жена и пет деца. Сирискиот министер за здравство Хасан Ал-Гобаш на 6 октомври изјави дека бројот на ранети се искачи на 277.

Засега сириската влада не даде конечен официјален број на жртви како резултат на нападот со беспилотно летало што се случи во четвртокот. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, која го документира насилството во Сирија од бунтот во 2011 година, рече дека загинале повеќе од 120 луѓе.

Како одговор, сириската влада возврати со силно гранатирање на областите во Идлиб и западните села на Алепо, кои сè уште се под контрола на бунтовниците. Спасувачките тимови кои работат само во бунтовничките области, гранатирањето на сириската влада резултирало со најмалку 14 убиени и 62 повредени цивили.

Видете и ова: Пентагон: Американски авион урна турски дрон во Сирија

„Гранатирањето од страната на режимот главно ги таргетира станбените области, јавните пазари, училиштата, како и нашите тимови кои работат на спасување животи“, изјави за германската новинска агенција ДПА заменик директор на спасувачката група познати како „Белите шлемови“, Мунир ал Мустафа.

Ниту една група досега не ја презеде одговорноста за нападот со дрон.

Сириската армија во четвртокот соопшти дека „вооружени терористички организации“ извршиле напад при церемонијата на дипломирање на студенти-офицери на воениот колеџ.

Таа вети дека ќе возврати „со најголема сериозност“ на, како што го опиша како „кукавички чин на тероризам“.

„Нападот беше најсмртоносниот врз сириската армија од 2018 година“, изјави за ДПА Рами Абдел Рахман, шеф на Сириската опсерваторија за човекови права.