Најмалку 20 мртви во автобуска несреќа во Венеција

Местото каде што се случила автобуската несреќа, Венеција, 3 октомври 2023

Најмалку 15 лица загинале, а десетици биле повредени во автобуска несреќа што се случи синоќа во Венеција, Италија.

Автобус со многу луѓе околу 20 часот излетал од надвозникот Либерта и по пад од 10 метри, паднал на железничката пруга и се запалил.

Според првите информации, загинале најмалку 15 лица, од кои некои се изгорени, додека четириесетина се повредени.

Меѓу жртвите имало и две деца, соопштија локалните власти, додавајќи дека десет повредени се префрлени во блиските болници.

Властите додадоа дека во тек е спасувачка операција.