Приведени 20 лица во Турција по бомбашкиот напад во Анкара

Полицајците обезбедуваат област во близина на Министерството за внатрешни работи по бомбашкиот напад во Анкара, Турција на 1 октомври 2023 година.

Во полициските акции во Истанбул и Киркларели против Курдистанската работничка партија (ПКК), која Турција ја смета за терористичка организација, по бомбашкиот напад во Анкара на 1 октомври, уапсени се 20 лица, соопштија тамошните медиуми.

Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, денеска изјави дека 20 лица се приведени во акциите што беа спроведени на 26 локации во Истанбул и Киркларели, пренесе Анадолија.

Тој наведе дека утврдиле кои „се лицата кои собирале помош за членови на терористичка организација кои биле уапсени и осудени за активности на терористичка организација“.

„Фатени се 20 луѓе. Со молитви и поддршка на нашата драга нација, нашата борба ќе продолжи решително додека не биде неутрализиран и последниот терорист“, рече министерот Јерликаја.

Видете и ова:

Бомбаш самоубиец детонирал бомба во Анкара, повредени се двајца полицајци

Работничката партија на Курдистан ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад вчера во Анкара.

Бомбаш самоубиец активираше експлозив во близина на Министерството за внатрешни работи во турската престолнина Анкара, неколку часа пред почетокот на седницата на Парламентот по летниот одмор.

Двајца припадници на полициските сили се полесно повредени, додека другиот напаѓач е убиен во размена на оган со полицијата.

Видете и ова:

Ердоган до терористите - Нема да ја постигнете целта