Италијанската крајбрежна страна спаси 177 луѓе, меѓу кои 27 членови на екипажот, од траект што се запалил додека патувал од италијанскиот остров Лампедуза до Порто Емпедокле на Сицилија.
На траектот имало 83 мигранти, соопшти Крајбрежната стража.
Сите патници биле префрлени на брод на крајбрежната стража кој ги носи кон Сицилија, освен тројца, кои се враќаат на Лампедуза.
За време на спасувачката операција, Крајбрежната стража користеше водени топови за да ги олади деловите од траектот зафатени од огнот, кој избил во машинската соба доцна синоќа.