Европската унија (ЕУ) е суштински против глорификацијата на криминалците, терористите и жалењето за нив, изјави портпаролот на ЕУ, Петер Стано по повод прогласувањето ден на жалост во Србија по конфликтот во селото Бањска во општината на Звечан на северот на Косово.
Портпаролот на ЕУ, Петер Стано потврди дека на 25 септември, кога беше прогласен ден на жалост во Косово, Канцеларијата на ЕУ во Приштина го подигна знамето на ЕУ на половина копје во чест на убиените и ранетите косовски полицајци, „жртви на страшниот терористички напад во неделата“.
Видете и ова: Србија прогласи Ден на жалост поради случувањата на КосовоТој рече дека тоа не го направила делегацијата на ЕУ во Белград на 27 септември, кога во Србија беше ден на жалост.
„Напаѓачите никогаш не треба да се поистоветуваат со жртвите“, рече Стано во писмениот одговор за Радио Слободна Европа (РСЕ).
Во неделата, на 24 септември, косовската полиција го истражуваше подрачјето околу селото Бањска на северот од земјата, кога во раните утрински часови група маскирани и вооружени лица ја нападнаа полицијата на северот на Косово.
Во таа прилика е убиен еден полицаец, додека во размената на оган полицијата убила тројца напаѓачи од српска националност. Овој напад го осуди меѓународната заедница, а ЕУ оценува дека станува збор за „терористички напад“.
Претставниците на ЕУ продолжуваат да инсистираат дека е неопходна истрага за нападот во Бањска и дека ЕУ ќе одлучи како да продолжи врз основа на резултатите од истрагата.
Видете и ова: Косово со резолуција бара меѓународна истрага за нападот во Бањска„Она што се случи во неделата беше многу сериозно и треба да се разјасни бидејќи ќе има последици“, изјави портпаролот на ЕУ, Петер Стано.
„Ова беше терористички напад и терористичкиот напад треба да се истражи. И одговорните за него треба да бидат изведени пред лицето на правдата. И секој кој има се што е вклучено што може е должен да учествува и да соработува за да се осигура дека овој терористички напад не само што е целосно истражен , но правдата да биде задоволена за оние кои го планирале, што го извршиле и кои стојат зад овој напад“, подвлече Стано.
Додека Косово ја обвинува Србија дека стои зад нападот, Србија тоа го негира.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека за него напаѓачите на косовската полиција не се терористи.
„За мене, како претседател на Србија, тие луѓе никогаш нема да бидат терористи. Дали можам да го оправдам убиството на полицаецот...нема оправдување и поради тоа државните органи на Србија ќе преземат чекори“, рече Вучиќ. во интервју за јавниот сервис РТС.
Видете и ова: Вучиќ бара повлекување на косовската полицијаМногу членки на ЕУ бараат воведување мерки против Србија доколку се докаже поврзаноста на Белград со нападите во Бањска.