Силна експлозија во текот на ноќта погодила магацин во близина на главниот аеродром во главниот град на Узбекистан Ташкент, при што загинало 16-годишно момче, а најмалку 160 лица биле повредени.
Најмалку 24 лица се во критична состојба на единиците за интензивна нега во локалните болници, јавува узбекистанскиот сервис на РСЕ.
Силната експлозија, која се случила околу 3 часот по полноќ во областа Сергели во главниот град на Узбекистан, била придружена со голем пожар.
Министерството за одбрана соопшти дека околу 1 000 војници биле вклучени во санирањето на последиците од инцидентот. Властите отворија истрага за причините за експлозијата што го погоди магацинот на Интер Логистик.
Видете и ова: Најмалку 100 загинати во пожар на свадба во ИракЕксплозијата, наводно, искршила прозорци во блиските станбени блокови, продавници и други згради. Узбекистанската национална новинска агенција UzA објави дека и покрај експлозијата, меѓународниот аеродром Ислам Каримов, најголемиот во Узбекистан, работи нормално.
Пожарите предизвикани од застарена опрема и непочитување на безбедносните стандарди се редовна појава во Узбекистан.
Вршителот на должноста градоначалник на Ташкент, Шавкат Умурзаков, вети дека во рок од два до три дена градот ќе ги обештети оние чии куќи беа оштетени од експлозијата.