Обвинтелството за гонење на организиран криминал покрена обвинение против полицаецот кој во април годинава застрела илегална мигрантка од Сиера Леоне. Обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција до Кривичниот суд во Скопје поднесе обвинение против полицискиот инспектор за делото „ тешки дела против општата сигурност“.
Во полицискиот билтен тогаш беше наведено дека инцидентот се случил кај гевгелиската касарна, кога полицајците вршеле контрола на две патнички возила со осум мигранти кои почнале да бегаат.
„Кога обвинетиот се приближил на околу педесетина метри зад ПМВ марка „Форд Фокус“ го забележал сега осудениот како излегува од возилото. Во меѓувреме групата мигранти се стрчале кон ПМВ марка „Мерцедес“, а обвинетиот откако им дал звучен сигнал од неговото возило се упатил кон нив со цел да го лиши од слобода второосудениот кој веќе ги прифаќал мигрантите туркајќи ги и обидувајќи се да смести што повеќе од нив внатре во возилото. Притоа второосудениот не се одзвал на предупредувањето од обвинетиот кој извикал „Стоп Полиција“, по што обвинетиот полициски службеник уште еднаш го предупредил држејќи во раце службен пиштол“, се вели во соопштението на обвинителство.
Видете и ова: Македонски полицаец застрелал мигрантка кај гевгелиската касарнаВо него се посочува дека обвинетиот со својата реакција свесно ги довел во ризик присутните, со тоа што на криумчарот на мигранти му се приближил со пиштол во рака и влетал во борба со него.
„Обвинетиот и покрај тоа што бил свесен дека на местото на настанот има поголема група на лица – мигранти, како и тоа дека во раката држи огнено оружје полно со муниција, се впуштил во борба со второосудениот и притоа испукал еден истрел предизвикувајќи значителна опасност за животот и телото на насобраните лица. Испуканиот истрел, ја погодил Фатмата Камара од Сиера Леоне, која седела на задното седиште во возилото нанесувајќи и повреда во задниот дел на десното рамо, па како резултат на здобиените повреди мигрантката починала откако била пренесена во ЈЗУ Општа болница Гевгелија“, е наведено во соопштението од Обвинителство.
Видете и ова: Притвор за превозниците на мигрантите фатени во Гевгелија, отворен предмет и за постапувањето на полицајцитеЗа овој настан во друга судска постапка веќе се правосилно осудени две лица за кривично дело - криумчарење на мигранти.