Времето денеска ќе биде променливо облачно. На повеќе места, особено попладне и во вечерните часови, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.
Локално процесите ќе бидат и во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и ќе бидат пообилни во западните делови од земјата.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Видете и ова: Временска прогноза – Сончево и многу топло времеВо Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината со услови за појава на невреме. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта.
Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 31 степен.