Во аероклуб во близина на грчкиот град Тива, претпладнево се урнал мал авион со еден мотор, а загинал пилотот, пренесуваат грчките медиуми.
Причините за несреќата засега официјално не се познати, а според грчката државна телевизија ЕРТ, се појавил проблем при полетувањето.
Веднаш по падот, како што соопшти Противпожарната служба на Грција, интервенирале шест пожарникари со две возила, кои го извлекле безживотното тело на пилотот.
Повеќе детали засега не се познати и истите се очекуваат во текот на денот, по завршување на увидот на местото на несреќата.