Земјотрес од 4,6 степени по Рихтер ја погоди Турција

Архивска фотографија од разорниот земјотрес во Турција минатата година

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Турција, пренесуваат тамошните медиуми.

Според овие информации, епицентарот на земјотресот бил во областа Гоксун кај Кахраманмарас.

Земјотресот се случил во 11:22 часот по локално време, а бил почувствуван и во околните провинции.

Информација за земјотресот ја објави и Геолошкиот институт на Соединетите Американски Држави на својата веб-страница, во која пак се наведува дека епицентарот бил на длабочина од 4,1 километар.

Видете и ова: Најмалку 23 повредени во земјотрес во Турција

Засега нема информации за евентуални штети или жртви.

Кон почетокот на февруари годинава пак, разорен земјотрес се случи во јужна Турција и северна Сирија, при што загинаа десетици илјади луѓе.